Инспиративни христијански молитви

Инспиративни христијански молитви

200 ден.
Шифра на производ: 23
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Оваа книга претставува богата ризница на инспиративни молитви запишани низ повеќе столетија. Во книгава ќе најдете молитви од светиите Августин, Јован Златоуст, Климент, Тома Аквински, Мајка Тереза и многу други истакнати христијани, како и од библиските личности Давид, апостол Павле и Исус Христос. Молитвите опфатени во оваа книга се од општо христијански карактер, прифатливи за сите христијани, од сите генерации и групации.

Одбрани се молитви за најразлични ситуации: благодарствени, утрински, молитви за лична и општа светост, за прошка, исповеди, каења, застапнички молитви итн. Има и поглавје со едноставни молитви за мали деца. За полесен избор, книгата содржи три содржини: општа содржина. содржина по предмет и содржина по автор.

Како додаток, во книгата има и четири библиски проповеди поврзани со прашања за молитвата.

Уредник: д-р Иван Грозданов

ISBN 9989-669-53-8

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Откровение - Христијанска книжарница © 2024. UKION SHOPS